• Fri. Nov 22nd, 2024

Карневалџиите и официјално го презедоа управувањето со градот

Карневалџиите и официјално го презедоа управувањето со градот. Од синоќа власта во Струмица им припаѓа на карневалџиите. Градоначалникот Костадинов го зеде градскиот клуч и во придружба на мажоретките, девојките во препознатливата карневалска униформа, прошетаа од општинската зграда до плоштадот „Гоце Делчев“.

Таму, клучот симболично се предаде на Александар Цицимов, претседател на карневалскиот одбор на Струмичкиот карневал, со што „власта“ премине во рацете на карневалџиите.

По овој чин, карневалските настани почнаа со изложба на маските коишто низ годините ги изработувале и претставувале учениците и професорите од Средното општинско училиште „Никола Карев“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *