• Thu. Nov 21st, 2024

Караванот на УСАИД во Струмица- Славиме 30 години партнерство

Патувачкиот караван на УСАИД пристигна во Струмица. Попладнево во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржи јубилејниот настан, на кој поздравно обраќање ќе има Џери Дајбл, претставничка на канцеларијата на УСАИД.

Во рамки на настанот ќе се одржи и модна ревија „Рециклирана убавина“ под менторство на креаторката Ирина Тошева со учениците од СОУ „Никола Карев“ од Струмица.

Откриен ќе биде и муралот на Сања Симоска.

Публиката во „Антон Панов“ ќе ужива и во концерот на џез бендот на студенти од Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *