• Fri. Nov 22nd, 2024

Kangoo Jumps ™ и во Струмица – Фитнес програма за поубаво тело и поголема физичка издржливост !

Во Струмица почна да функционира Центар за фитнес програма со Kangoo Jumps ™ чевли. Станува збор за програма која на светско ниво станува се поатрактивна за луѓето што сакаат обликување и дефинирање на целото тело но и за поголема физичка издржливост. Станува збор за изведување вежби со Kangoo Jumps ™ чевли кои се создадени од лекар ортопед кои помагаат за рехабилитација и оздравување на повредени спортисти. Од таа причина овие чевли во моментов ги користат милиони рекреативци и спортисти кои се во фаза на на опоравување од повреда на зглоб.

Оваа фитнес програма има дури 32 медицински бенефити. Погодна е за секој, без разлика на физичката подготвеност. После 3-5 тренинзи издржливоста значитечно се зголемува. Најинтересно е тоа што со оваа програма се трошат најмногу калории, 20% повеке споредено со другите класични програми.

Бидејки во изведувањето на движењата учествуваат сите мускулни групи, оваа програма е погодна за обликување и дефинирање на целото тело. Секоја физичка активност придонесува за зголемување на имунитетот а една од поважните придобивки е што се подобрува држењето на р’бетниот стол и воопшто на целото тело.

Интересен факт е што со Kangoo Jumps ™ фитнесот се лачи најголема количина ендирфини( хормони на среќата) и претставува одличен избор за антидепресивна терапија.

Концептот на тренингот е многу едноставен и има неколу фази. Истиот е интервален, со најизменична промена на интензитетот на работа што го прави таков каков што е. Се вежба на посебна музика и во текот на тренингот се градат интересни едноставни кореографии кои се пред се убави за око и баш поради тоа индивидуата што го практикува се чувствува посебно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *