• Fri. Nov 22nd, 2024

Каналот Свети Илија ќе се уредува со пари од ТАВ програмата

Струмица е меѓу првите општини којашто доби договор од ТАВ програмата за реализација на проект од областа на инфраструктурата, објави струмичкиот градоначалник Коста Јаневски.

„Договорот го добив на денешната свечена церемонија од страна на заменикот на Претседателот на Владата на РСМ задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, а на церемонијата присуствуваше и премиерот Зоран Заев.Со овој договор обезбедени се 86.700.000 денари за реализација на проектот Урбан мост помеѓу стара и модерна Струмица“, напиша Јаневски на официјалната фејсбук страница.

Проектот опфаќа уредување на каналот Свети Илијски порој, изведба на две сообраќајници паралелни со поројот и изградба на фекален колектор во овој дел кој станува ново градско јадро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *