Кампања за чиста и питка вода во рамки на проектот „растеме здрави деца“. Денеска претпладне дечињата коишто пешачеа кон Ловен дом и патеката Свети Илија над Струмица добија подарок од активистите на здруженијата „Видливост“ и „Добрососедство“. За оваа активност не информираа преку апликацијата Грагански новинар.
Кампањата има за цел да ги поттикне децата од најмала возраст да се ангажираат за чиста и здрава животна околина. Да развиваат навики за одогворно однесување во природа. Но, и за важноста на пешачењето во природа за здрав живот.
Освен активностите за децата, проектот вклучува и донација на технологии кои влијаат на намалувањето на штетните последици од аерозагадувањето, вируси и сл. Тие придонесуваат за здрав амбиент во образовниот процес. Донацијата е наменета за едно основно општинско училиште на територија на општина Струмица, чиј број на деца не е помал од 800.
Притоа услов беше училиштето да не е влезено во ниедна друга програма или проект за донација. Здруженијата „Видливост“ и „Добрососедство“ Струмица, по извршените консултации со релевантни институции и согласно предлог проектот кој доби финансиска поддршка од Г1 програмата од буџетот на Општина Струмица, одлучија донацијата да ја добие ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица.