Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се обрати на форумот во рамките на кампањата „16 дена активизам против родово базираното насилство“ во организација на Канцеларијата на УНДП во Скопје и Владата.
На форумот видеообраќање имаше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, а поздравни обраќања имаа и Армен Григорјан, постојан претставник на Канцеларијата на УНДП, и Анке Холштајн, амбасадорка на Сојузна Република Германија.
Спасовски потенцира дека кампањата има цел да ја подигне свеста дека семејното насилство не е лична работа, односно приватен проблем што треба да остане во семејството, туку дека сите ние сме должни, и како луѓе и како институции, да го препознаеме овој проблем, да преземеме мерки за негова превенција, но и да дадеме ефикасен одговор за заштита на жртвите.