• Fri. Nov 22nd, 2024

Каква помош ќе добијат тутунарите

тутун

Каква помош ќе добијат тутунарите, ќе се знае в понеделник.

Ресорниот министер не открива дали 5 – те милиони евра што ги вети Владата како помош ќе се распределат по килограм произведен и предаден тутун како што бараат тутунарите. Но, тврди дека со овие пари ќе се исполни ветувањето просечната цена да не биде под 180 денари за килограм.Исплатени се веќе субвенциите за лозарите , а следни се тутунарите.

-Тоа е рамката на средствата што се обезбедени. Во понеделник имаме средба со Сојузот на производители на тутун, Одборот што организира протести и откупните компании и тогаш ќе ја утврдиме точната методологија како ќе се направи тоа.

Од договореното производство остануваат уште 1.500 тони кои треба да се откупат викендов, а од следната недела ќе се утврдува динамиката на тоа како ќе се откупува вишокот.Тутунарите да садат според потпишаните договори, бараа од ресорното министерство за да нема проблеми во иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *