Каков е британскиот сој на Ковид-19. Ова е едно од најчестопо поставуваните прашања. Симптомите на британската мутација на корона-вирусот не се разликува многу од досега познатите.
Според британската Служба за национална статистика на симптомите на коронавирусот, кој најпрво беше откриен во Британија, малку се разликуваат од досега познатите. Почесто се појавуваат симптоми како кашлица, болки во грло, замор и болки во крајници. Загубата на сетилото за мирис и вкус- сметана за карактеристична за нормалната варијанта- е поретка.
Истражување, спроведено меѓу 6.000 случајно избрани Британци со позитивен тест на коронавирус, заклучува дека новата мутација до истиот степен ги предизвикала истите симптоми. Kако главоболка, отежнато дишење, вознемиреност и повраќање.
Новиот сој е многу позаразен
Д-р Кристоф Шпехт, лекар и медицински автор, коментирајќи ги резултатите од тоа истражување вели дека обичен човек нема да може сам да заклучи дали е заразен од новиот или од стариот сој.
„Доколку го загуби чувството за мирис, тоа со голема веројатност би значело дека се заразил со познатата варијанта на вирусот. Но, не е исклучена можноста дека можеби е носител и новата варијанта. Како и обратно. Разликите се многу мали“, вели д-р Шпехт.
-повеќе на темата: Зошто научниците веруваат дека британскиот сој на коронавирусот е посмртоносен
Мутациите на вирусот се должат на промени кои се случуваат во неговиот генетски код. Некои од тие промени го прават вирусот поопасен, забрзувајќи ја неговата трансмисија од носител до носител. Новиот сој, откриен во Велика Британија, кој се води со ознаката В.117 се пренесува со 30 до 70% побрзо.
Во однос на смртноста, иако се уште нема детални студии, проценките на експертите се дека и во тој сегмент оваа мутација може да биде поопасна.