• Thu. Nov 21st, 2024

Како функционира ЕУ

Како функционира

Како функционира ЕУ се запознаваа младите струмичани. Македонија и покрај тоа што се суште не е дел од големото европско семејство сепак граѓаните треба да бидат информирани како и на кој начин функционираат институциите на ЕУ, фондовите. Бидејќи самиот процес на пристапување не се однесува на државата, туку на пристапувањето на граѓаните во големето европско семејство тие треба да го знаат начинот на кој фукционира ЕУ.

Според експертите во моментов Македонија речиси и да не чекори кон ЕУ. Стојковски смета дека причината за тоа ја гледа во носителите на главните државни одлуки.

Денешната работилница е во рамките на проектот „Запознавање на Европската унија и работата на институциите на ЕУ“ кој го спроведува здружението Новус со финансиска поддршка од Општина Струмица. Истражувањата покажале дека неинформираноста во врска со Европската унија се главни проблеми кои што се присутни на национално ниво, но тие се уште поголеми кога станува збор за локалните средини.

Здружението Новус со овој проект планира организирање јавни дебати, објавувани трудови со ЕУ како и спроведување на истражување за тоа колку граѓаните се запознаени со ЕУ и дали со влезот на Македонија во европското семејство ќе се подобри животниот стандарт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *