Како да пријавиш загадување во 2 чекора објаснува Джавниот инспекторат за животна средина. На својата официјална facbook страница Државниот инспекторат за животна средина има објавено чекори по кои граѓаните лесно можат да пријават задагувач. Граѓаните можат да пријават загадување до Државен инспекторат за животна средина преку нивните социјални мрежи и е-адреси или на веб страницата на Инспекторатот. На овоj начин значително би го олеснил процесот на брзо добивање и евидентирање пријави и навремено реагирање од страна на инспекторите.
Како да пријавиш загадување? Еве ги чекорите кои ги препорачуваат на својата facebook страница:
ЧЕКОР 1: Заследи ја Facebook-страницата на Државен инспекторат за животна средина
ЧЕКОР 2: Опиши го проблемот кој го пријавуваш. Наведи ја локацијата. Доколку можеш испрати слика или видео. Остави твои податоци (име и презиме, телефонски број или е-адреса) за да можат инспекторите да те исконтактираат.
Пријавите кои ќе пристигнуваат од граѓаните по различни електронски канали стигнуваат на едно место. На овој начин ќе можат поефикасно да се распределат до надлежните инспектори. Би се олеснило и следењето на случаите на загадување и подобро да се координираат инспекторите при извршување на задачите. Инспекторите ќе им одговорат на граѓаните кои поднеле пријава дали и како постапиле по пријавите.
Пријави и на друг начин
Пријавување за загадување е возможно и преку е-адресата prijavi@sei.gov.mk, веб-страницата www.sei.gov.mk и преку полето Пријави на е-Мапата на загадувачи www.mapanazagaduvaci.mk. Во пријавата граѓаните треба накратко да го опишат проблемот кој го пријавуваат. Треба да ја наведат локацијата каде забележале загадување, доколку можат да испратат слика или видео и да остават нивни податоци (име и презиме, телефонски број или е-адреса) за да можат инспекторите да ги исконтактираат.
Платформата за пријавување за загадување ја подобрува соработка на Државниот инспекторат за животна средина со граѓаните. Оваа платформа овозможува подобра координација при инспекцискиот надзор на државно и локално ниво. Обезбедува поголем увид во работењето на инспекторите на терен. Платформата е изработена во соработка со Институт За Комуникациски Студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“, која е финансирана од Британската амбасада во Скопје.