Ова е прашањето што им е поставено на неколкуилјадните следбеници на фан страницата на Дојран. Доколку треба да се промени името на едно од култните плажи во ова туристичко место, кое име би го дале? Иако граѓаните во најголем број сметаат дека Градската плажа е препознатлива токму поради името и не треба да се менува, има и доста креативни решенија.
Некои од предлозите оставени во коментар се: „Кариби“, „Под јаворите“, „Македонска плажа“, „Дојранска плажа“, „Наша плажа“ и слично.
Градската плажа во Стар Дојран се наоѓа во централниот дел, кај јаворите, или веднаш спроти општинската зграда. Плажата се протега до хотелите и секоја година општината ја уредува со песок и урбана опрема со цел да биде пријатна за плажирање на бројните туристи кои летуваат во Дојран.