Пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување денеска уништуваа пронајдени убојни средства од Првата Светска војна. Станува збор за 26 артилериски зрна од 75 милиметри пронајдени на Кожув планина поточно кај реон Катеринина чешма. Артилериските зрна се уништија денеска претпладне на лице место, односно на потегот кај селото Конско.
Пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување речиси секојдневно добиваат повици за новооткриени гранати во Југоистокот. Ефтим Митров, пиритоехничар во дирекцијата со канцеларија во Струмица, вели дека ги има насекаде, и во куќи и дворови, па и училишта.
Пред една година, во април 2021, пиротехничарите уништуваа повторно неексплодирани убојни средства, кај гевгелиско Моин, кои поради непристапноста на теренот стручниот тим беше принуден да ги пренесува со коњи до местото на уништување.
Во земјава има само седум пиротехничари кои се задолжени за вакви и слични активности, а поголемиот дел од нив, веќе се пред пензионирање.