• Fri. Nov 22nd, 2024

Качамак со колбаси-маска на Страчинарските игри во Мокриево

Традиционалниот ручек што секоја година се дава за време на Страчинарските игри во Мокриево, годинава се најде и како посебна маска. Пораката на маската беше да се чува традицијата за Василица, но и специфичната кујна за Мокриево. Качамакот што се прави од мелено пченкарно брашно е вкусен, но и исклучително здрав оброк. Се приготвува со домашни колбаси.

Годинава се сварија околу 80 килограми качамак и уште толку колбаси, а ручекот е наменет за сите присутни.

Маската со качамак ја носеше пензионираниот актер Томе Ментинов. Тој е познат како голем ентузијаст и пддржувач на многу културни и забавни настани во регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *