• Fri. Nov 22nd, 2024

Југоистокот двапати ќе се прска авионски против комарци

На 6 седница на Советот за развој на Југоисточен плански регион, која се одржа во Струмица, под претседателство на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сараманадов, беше расправано за повеќе актуелни прашања од интерес на 10 општини во ЈИПР.

Советот донесе одлука годинашното третирање против комарци да биде повторно во рамките на ЈИПР. На подрачјата на 10-те општини ќе бидат реализирани две ларвицидни прскања и 2 авионски прскања против возрасни комарци. За разлика од минатата и предминатата година кога дезинсекцијата против возрасни комарци се извршување теристички, односно по земјен пат. Оценувајќи дека авионското прскање во претходните години се покажало поефикасно. Градоначалниците побараа да се интензивира спроведувањето на постапката и навремено да се отпочне со третманите заради поголема ефикасност во заштитата на граѓаните во ЈИПР од комарци.
          Што се однесува до дератизацијата, Советот за развој на ЈИПР донесе одлука секоја општина самостојно да ја организира. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, информираше дека во тек е тендерската постапка, а по склучување на договорот со фирмата која ќе даде најповолна понуда, ќе биде спроведена на подрачјето на општина Гевгелија. Советот, исто така, расправаше и по други прашања од делокругот на неговото работење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *