Развој на турзимот и зачувување на животната средина со еколошки-одржливи инвестиции. Ова е одлуката на жителите на Југоистокот за искористување на 20 милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка со министерството за локална самоуправа. Граѓаните сметаат дека изградбата на планински велисипедски патеки, но и проекти за енергетска ефикасност и еко одржливост се иднината на овој регион.
Инвестиции во туризмот се предвидува во овој регион со дополнителни 40 милиони денари кои се обезбедени од Бирото за регионален рамномерен развој. Градоначалниците од Југоситокот сметаат дека туризмот е неискористениот потенцијал на општините и треба да се развиваат во таа насока.
Вредноста на овие средства е речиси еден милион евра, а се обезбедени преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Градоначалниците од 10 општини заеднички се договараат каде и како да се распределат овие пари за да имат бенефит цел регион.