Југоисточниот, најтранспарентен од сите региони во државата. Ова го покажа најновиот извешптај за активната транспарентност на на Центарот за граѓански комуникации. Од општините Валандово, е меѓу најтранспарентните во Македонија заедно со Битола и Карпош.
-Континуирано подобрувајќи се од година во година, Југоисточниот Регион конечно застана на првото место со високи 84 %, подобрувајќи се за 10 процентни поени само за една година. 84% се вели во извештајот. Оттаму додаваат дека Трета година по ред, на лидерското место е Валандово, кое само во 2018 година беше на последното место во регионот, но во последните четири години постојано ја подобрува својата активна транспарентност. За четири години, процентот на исполнетост на обврските за објавување јавни информации на оваа општина порасна од 59 % на 97 %. Оваа општина е меѓу трите општини со највисока активна транспарентност во земјава. На второ место во регионот и годинава е Гевгелија. И Василево и Конче ги задржаа третата, односно четвртата позиција. Дојран, иако континуирано ја подобрува својата транспарентност, сепак останува на последното место, односно заедно со Босилово и Радовиш, на дното на табелата, се вели во извештајот.
Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 %. Во однос на лани, активната транспарентност е подобрена за 10 процентни поени (Две институции, Министерството за одбрана и Владата, имаат по максимални 100 %, односно ги објавуваат сите предвидени информации од активната транспарентност.
Ранг Општина Резултат
1 Валандово 97,1 %
2 Гевгелија 92,9 %
3 Василево 91,3 %
4 Конче 89,9 %
5 Богданци 88,6 %
6 Струмица 87,1 %
7 Ново Село 78,3 %
8 Радовиш 73,6 %
9 Босилово 72,5 %
10 Дојран 63,8 %