• Sun. Nov 24th, 2024

Јован Витанов не починал насилно, покажала обдукцијата-Јавното обвинителство го затвора случајот за неговата смрт

Седум месеци по смртта на 26 годишниот  Јован Витанов од Струмица-случајот е затворен. Јавното обвинителство  информира дека по извршената обдукција на телото не открила траги на насилство кај починатото момче и по испитување на сите траги најдени на местото каде е откриено телото на Витанов, надлежниот јавен обивнител го затворил случајот.

Смртта на Јован Витанов отвори многу полемики во јавноста а околностите под кои починало момчето се уште не се разјаснети. На 7 јуни минатата година е пронајдено неговото тело, во месноста Ораш, во периферијата на селото Ново Село. Првичните извештаи на основното јавно обвинителство говореа дека станува збор за насилна смрт, но бидејќи не можело да се утврди како настапила смртта, јавниот обвинител дал наредба за обдукција.

По неколку дена обвинителот побарал дополнителна  реобдукција на телото, зашто не можело со сигурност да се утврди точната причина за смртта. Но, ваквата одлука на струмичкото јавно обвинителство ги разлути лекарите од Судска медицина.

Од Институтот за судска медицина тогаш реагираа дека обвинителите избрзале со заклучокот за начинот на смртта на 26 годишникот, со оглед на погрешно толкување на промените на телото.

Професорот Александар Станков од Инситутот тогаш рече дека за да се констатира причината за смртта мора да се добијат информации од обдукцијата или пак токсиколошките наоди.

Деновите во наоѓањето на телото на Јован Витанов обвинителството издаде наредба за претрес по домови и простории на повеќе лица со кои момчето имало контакт псоледните денови. Издадено беше и барање за обезбедување снимки од видео надзор од еден објект и вештачење на мобилните телефони. Од мобилните оператори се побарани  податоци за остварена телефонска комуникација, а издадена е и наредба за вештачење на повеќе предмети пронајдени во близина на телото на починатиот.

За јавноста останува непознато што се случувало во последните денови од животот на Јован Витанов и како завршил животот на младото момче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *