• Fri. Nov 22nd, 2024

ЈО со истражна постапка за убиството на 22 годишното момче во Струмица

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица – двајца мажи и една жена, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3  во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Во попладневните часови на 5 јули, на улицата „Бетовенова“ во Струмица, по настаната вербална расправија, тројцата осомничени лишиле од живот едно лице и со умисла го довеле во опасност животот на тројца други оштетени.

Расправијата започнала за паркинг место пред куќа, по што сите тројца осомничени со ножеви му задале повеќе убоди на сега почнатиот. Тој паднал на земја и починал на лице место. Кога членовите на неговото семејството се обиделе да му помогнат на оштетениот, осомничените и нив ги нападнале, нанесувајќи им телесни повреди – убодни рани со нож.

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Струмица го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител и на тројцата осомничени синоќа им определи притвор во траење од 30 дена.​

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *