Од „Национални енергетски ресурси“ (НЕР) информираа дека урбанистичкиот план ќе биде достапен на увид од 17 до 18 септември на веб страната на Министерството за транспорт и врски, како и на електронскиот систем Е-урбанизам и на веб страните на општините Неготино, Демир Капија, Богданци и Гевгелија.
Учесниците во стручната расправа можат да ги достават своите забелешки најдоцна во рок од 15 дена од одржувањето на стручната расправа.