Општина Струмица објави Јавен повик за лични асистенти за ученици со попреченост. Градоначалникот Костадин Костадинов на својот ФБ профил објави дека јавниот повик трае до 15 јануари 2022 година.
-Секогаш први, секогаш со поддршка за сите категории на граѓани, особено на најранливите. И за второто полугодие од оваа учебна година обезбедивме буџетски средства за лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес во основните училишта во општина Струмица. Јавниот повик е објавен на 31 декември 2021 и ќе трае до 15 јануари. Сите ученици имаат исти права на квалитетно образование. Наша обврска е да им ги обезбедиме и ние тоа го правиме.Од срце за сите ученици во Струмица, вели Костадинов на својот ФБ профил.