Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, , оствари работна средба со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Хиронори Савада, чија посета се должеше во врска со донираниот нов рендген-апарат на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност во Гевгелија, од страна на Јапонската амбасада. На средбата, исто така, стана збор и за можностите за продолжување на соработката. Градоначалникот Сарамандов му посака добредојде на јапонскиот амбасадор, притоа истакнувајќи ја својата благодарност за досегашната поддршка и помош на Општина Гевгелија.
По средбата, гевгелискиот градоначалник, јапонскиот амбасадор и директорот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност, д-р Митко Крџев, беа во посета на болницата, на Одделението за рендгенологија и радиодијагностика, каде новиот реднген-апарат беше предаден во употреба, со церемонија за комплетирање на GGP- проектот.
,, Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од три милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за КОВИД-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со КОВИД-19. Јапонскиот народ му помага и во иднина ќе му помага на македонскиот народ со вакви донации во областа на здравството, образованието и животната средина. Од 1996 година, во овие области се донирани средства во висина од 8,5 милиони евра, рече јапонскиот амбасадор, Хиронори Савада, потенцирајќи го своето задоволство што со новиот рендген-апарат во минатата година, во ЈЗУ Општата болница- Гевгелија, биле направени 4.000 снимања.