Струмичкиот градоначалник Коста Јаневски во 10 најдобри градоначалници според анкетата на МЦМС. Според одговорите на граѓаните, Jаневски се наоѓа на деветата позиција, со 2.4%. Со истиот коефициент се и градоначалниците на 7 и 8 позиција, Стефан Богоев на општина Карпош и Борче Митевски, градоначалник на Петровец. И градоначалникот на десетата позиција, после јаневски е со ист рејтинг, Саша Богдановиќ од општина Центар.
Инаку пред неколку денови, во емисијата Vis a Vis јаневски рече дека доколку ја добие доверната од граѓаните, ќе се кандидира и за втор мандат.
Јаневски претходно беше пратеник во Собранието, но и советник во Советот на општина Струмица. Тој е лекар-специјалист интернист по професија.