• Sat. Nov 23rd, 2024

Јанакиески доби 3,6 години затвор, Димитар Димовски условна осуда за „Топлик“

Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на 3 години и 6 месеци за случајот „Топлик“, каде што од Обвинителството беше гонет за злоупотреба на службената положба и овластување. Димитар Димовски, кој бил член на комисија која спроведувала јавно наддавање за „Сончев град“, а беше и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, доби условна осуда односно казна затвор од две години ако го повтори делото.

Од другите членови на комисијата, Томче Ѓурчилов доби казна затвор од три години. Веса Томчевска е осудена на условна казна, а ќе издржува две години затвор ако во следните пет години направи ново кривично дело, Димитар Ѓаќев доби условна осуда а казна затвор од 2 години ако во рок од пет години направи ново кривично дело и Марица Тасева е осудена на условна осуда, а казна затвор од 2 години ако во рок од пет години направи ново кривично дело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *