Моќта и делотовроноста на јаболковиот оцет како лек им е позната уште на нашите предци. Во поново време, пак, истражувања покажуваат дека јаболковиот оцет навистина може да помогне во процесот на слабеење, за намалување на холестеролот и шеќерот во крвта, како и за ублажување на симптомите на дијабетес.
Јаболковиот оцет е традиционален и познат производ, но и народен лек што се употребува кај многу заболувања. Во поново време, сепак, најчесто е синоним за губење на килограми. Интересно е што многу позитивни дејства потврди и науката, особено антимикробното и антиоксидансното дејство.
Особено е позната примената на јаболковиот оцет како помош при примена на дијабетес тип 2. Оваа болест е карактеристична по нечувствителноста на инсулин, или неспособноста на телото да произведе инсулин. Поради тоа не може да се контролира нивото на шеќерот во крвта. И луѓето кои не страдаат од дијабет имаат корист од одржувањето на нормално ниво на шеќер во крвта. Се смета дека високиот шеќер предизвикува многу хронични болести.
Забрзување на метаболизмот
Се смета дека јаболковиот оцет го поттикнува метаболизмот и со тоа не дозволува задржување на маснотии и токсини во организмот. Повеќе истражувања спроведени врз луѓе покажуваат дека јаболковиот оцет помага при слабеење, бидејќи го зголемува чувството на ситост. Тоа пак помага при намалувањето на внесот на калории.
Традиционално, пак, јаблковиот оцет се користи за намалување на крвниот притисок и јакнење на срцето. Бидејќи болестите на срцето денеска се едни од водечките причини за смртност, важно е да се знае дека тој има голема улога во превенцијата на многу заболувања.