Во рамките на годинашната дезинсекција против комарци на Југоисточниот плански регион, на подрачјето на општина Гевгелија се изврши првото ларвицидно прскање.
Со расфрлање гранулати на местата каде се лоцирани жаришта од размножување на комарци, беа третирани речното корито на реката Вардар, како и водотеци и стојни води во населените места од општина Гевгелија, на површина од скоро 10 хектари.
Согласно Одлуката донесена на една од седниците на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, во периодот што следи, на подрачјата на 10 општини од Југоистокот ќе бидат извршени уште едно ларвицидно прскање против ларви од комарци и едно авионско прскање против возрасни комарци. Годинашниот третман започна со првото авионско прскање кое беше спроведено во втората половина на јуни.