• Fri. Nov 22nd, 2024

Извршено првото ларвицидно прскање против комарци во Гевгелија

Извршено првото ларвицидно прскање против комарци во Гевгелија. Вчера, екипите на скопската фирма за Зотокс од Скопје, која го доби тендерот за овогодинешното третирање против комарци спроведен од Југоисточниот плански регион, го изврши првото ларвицидно прскање.

Прскањето се изврши со расфрлање на гранулати,  на места- жаришта претходно утврдени од страна на општина Гевгелија, на кои се смета дека постои присуство на ларви од комарци, скоро на 10 хектари на подрачјето на Гевгелија.           

Како што е веќе познато, годинашното третирање против комарци е во рамките на Југоисточниот плански регион, со одлука истото да биде по земјен пат. Односно, ќе следат уште една ларвицидна дезинсекција и три адултни третирања против комарци (теристички аеросолни дезинсекциии против возрасни комарци со УЛВ метода) на подрачјата на десетте општини.                         

Согласно, препораките од Центрите за јавно здравје за навремено прскање против комарци и следењето на препорачаните интервали, годинава, третирањето и прскањето започна порано, со цел да се зголеми ефикасноста, да се добие најдобар резултат од овој процес и да се заштити здравјето на граѓаните од овој регион.           

За наредните третирања, граѓаните ќе бидат навремено известени, со цел сопствениците на пчелни семејства да преземаат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите кога ќе се реализираат прскањата. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *