• Fri. Nov 22nd, 2024

Израелска студија за вакцинацијата

вакцини против ковид-19

Се намалува преносливоста на вирусот, покажала израелска студија за вакцинацијата. Научниците во Израел го спровеле истражувањето. Тоа покажало дека вакцинацијата против коронавирус, покрај тоа што создава лична заштита, го намалува и ризикот од нејзино пренесување.

Тие ги анализирале лабораториските резултати на 5800 заразени лица. Од нив половина ја добиле првата доза на вакцини од Бионтек и Фајзер.

ПЦР тестовите откриле дека вакцинираните пациенти произвеле четири пати помалку честички од коронавирусот од 12. до 28. ден по приемот на вакцината, отколку оние кои не ја примиле вакцината.

„Помала количина на вирус значи и помала можност за пренесување“, велат научниците од Израел.

Израел вакцинира и странци

Израел бесплатно вакцинира странци. Десетици баратели на азил и странски работници во израелскиот град Тел Авив чекале во ред за да ја примат првата доза од вакцината против Ковид-19. Ова е дел од иницијативата за имунизација на странски државјани.

Градското собрание на Тел Авив и Медицинскиот центар „Сораски“ почнаа бесплатна вакцинација на странски државјани. Израел бесплатно вакцинира странци од кои многумина се баратели на азил без документи.

Меѓу примателите на вакцините имало странски работници од Филипини, Молдавија и од Нигерија. Но, имало и судански и еритрејски баратели на азил.

Израел прави напори да го вакцинира мнозинството од своето население од крајот на декември лани. Минатата недела тие ја направија вакцината достапна за сите граѓани постари од 16 години.

До денес со една доза од вакцината на „Фајзер“ се вакцинирани повеќе од 3,5 милиони луѓе, а најмалку 2,1 примиле и втора доза.

Во декември Израел забрани влез на патници од земји каде се појавија нови типови на ковид-19. Израелските здравствени власти особено беа загрижени за новиот тип на вирусот од Велика Британија. За него, британските власти објавија дека се шири за 70% повеќе. Поради тоа, Израелците коишто се враќаа од тие земји одеа во изолација во одредени хотели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *