• Sun. Nov 24th, 2024

Изложба и промоција на краток филм во Гевгелија

Во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, утре, 3 мај, со почеток во 12:00 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии „Реинкарнација“ и ќе се промовира краток филм „Не плети лесо“. Станува збор за настан од традиционалната уметност и материјалната култура во 19 и 20 век, на кој ќе се презентираат авторски дела на младиот уметник и етнокореолог, Бојан Петковски од Скопје.

„Реинкарнација“ е изложба на фотографии од автентични ситуации на носење традиционални носии од етничките предели: Скопска Блатија, Скопска Црна Гора, Долни Полог, Струшко Поле, Охридско Поле, град Струга, Дурачка Река, Азот и на Ромите во градот Скопје.

Проектот е симбиоза на научно-истражувачка и собирачка дејност, како и уметнички концепт за презентација на истото. Додека, во краткометражниот филм „Не плети лесо“ се прикажува свадбен обред од етничкиот предел Дурачка Река, за заплетувањето на идната невеста.

Филмот е снимен на две локации, во селото Дурачка Река и во Музејот на Македонија, а во него учествуваат уметниците на Ансамблот „Македонија“.Настанот е во организација на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, во соработка со етнокореологот, Бојан Петковски. Влезот е слободен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *