Веднаш над паркот во центарот на Нов Дојран, од засега непознати причини вчера се запали и изгоре објект што се користел како летна кујна со помошни простории. Огнот е забележан околу пладне од соседите и веднаш е пријавен во Противпожарната станица Гевгелија. Додека да пристигне возилото од Гевгелија и пожарникарите од доброволното противпожарно друштво од Дојран, соседите се мобилизираа и се обидуваа да го локализираат пожарот.
По неколкучасовна интервенција пожарот е локвидиран, а причините допрва ќе се утврдуваат.