Изборите во Србија 2022 година на три нивоа – претседателски, парламентарни, локални во Белград, Бор и уште 12 општини се одржуваат денеска, 3 април.
Гласачките места низ државата беа отворени во 7 часот, а граѓаните вечерва до 20 часот ќе можат да го остварат своето право на изборите во 2022 година. Се гласа на вкупно 8.255 избирачки места.
Републичката изборна комисија (РИК) утврди дека право на глас на претседателските и парламентарните избори имаат 6.501.689 граѓани на Србија.
Право на глас во главниот град имаат вкупно 1.600.214 гласачи.
Освен во Белград, локални избори ќе се одржат на уште 13 места: во Бор, Аранѓеловац, Смедеревска Паланка, Лучани, Медвеѓа, Књажевац, Бајина Башта, Дољевац, Кула, Кладово, Мајданпек, Сечња и Севојно.
Граѓаните на Србија го избираат претседателот меѓу осумте кандидати за шеф на државата.
Илјадници кандидати од вкупно 19 пратенички листи ќе се борат за 250 пратенички места, додека кандидатите од 12 изборни листи ќе се борат за 110 советници.