Стручните тимови за спроведување на работно – ориентираната рехабилитација при здружението ИЗБОР се адаптираа на кризната состојба. Продолжија да работат со лицата со попреченост преку редовно онлајн советување.
Зоран е еден од 16те лица кои се дел од овој процес, чија цел е да ја подобри вработливоста на лицата со попреченост, а со тоа да им овозможи достојни приходи за независен живот. До крајот на 2022 година, 470 лица со попреченост ќе имаат можност да ги користат услугите на Центрите за работно – ориентирана рехабилитација и поддршка при вработување во Струмица и Скопје.
Активноста е дел од проектот на УНДП за зголемување на вработливоста и можностите за вработување на ранливите категории, поддржан од @Embassy of Switzerland in North Macedonia и спроведувана во партнерство со Министерство за труд и социјална политика и Агенција за вработување на Република Северна Македонија. #ШансаЗаСите#NoOneLeftBehind