Младата Ивана Мазнејкова во четврток ќе одржи концерт во Тирана, Албанија. Мазнејкова ќе настапи во салата “Ческ Задеја”, Универзитет за уметности. Со концертот со програмата од Цезар Франк таа ќе го отвори фестивалот „Волшебната флејта“ во Тирана.
Концертот е во организација на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, поддржан од Министерството за култура.