Младата пијанистка Ивана Мазнејкова, средношколка во средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ во Штип денеска доби награда од Универзитетот „Гоце Делчев“ за постигнатите успеси во областа на уметноста.
Мазнејкова е една од четворицата талентирани ученици кои добија награди денеска на првиот академски час на УГД. Покрај неа се наградени и Дамјан Давков и Амир Дестанов за постигнати европски и светски резултати во природните науки и Марко Пејчиновски од областа на спортот.
Пејчиновски се заблагодари на Универзитетот „Гоце Делчев“, а воедно истакна дека во наредниот период ќе се посвети на себе, проблем му останува тренирањето во текот на зимото, бидејќи се уште не е отворен затворен базен и мора да тренира во хотелите во Охрид.