Од денеска јавното претпријатие „Паркиралишта“ има нов директор. Дипломираниот инженер по електротехника, Иван Стаменовски, инаку вработен во ова претпријатие, ќе го замени досегашниот директор Митко Бујуклиев.
Смената на Бујуклиев е прва промена на раководителите на јавните претпријатија во градот по доаѓањето на Костадинов на чело на општина Струмица. Градоначалникот досега не откриваше дали и кога планира да го освежи раководниот кадар во општината.
Засега нема информации дали ќе има нови директори на Комуналец и Струмица гас, на основните училишта, градинките и раководители на одделенијата во о. Струмица.