Познатиот собирач на народно творештво, Иван Котев, доби посебно признание за својата работа како фолклорист. Во рамки на манифестацијата „Охридски поетски бисери“ што се одржа минатиот викенд во Охрид, Котев доби награда за животно дело.
За него, ова е значајно признание кое обврзува и понатаму посветено да работи и објавува на полето на струмичкиот и македонскиот фолкфлор.