Италијанската фудбалска лига му го честиташе роденденот на Горан Пандев. На официјалната фејсбук страна тие објавија фотографија со Пандев облечен во дресот на Интер. Тој е еден од омилените спортски ликови во Италија по големите успеси што ги постигна со италијанскиот клуб Интер. Тој со Интер освои четири шампионски титули. Тој играше и во италијанските фудбалски клубови, Специа, Анкона, Лацио, Наполи и Џенова.
Славниот македонски фудбалер денеска го слави 39 роденден.