• Fri. Nov 22nd, 2024

Историчарите бараат да се распушти историската комисија

Македонија сама си ја проблематизира историјата со потпишувањето на договорот со Бугарија и ќе следуваат уште понепријатни ситуации, смета историчарот Тодор Чепреганов. Тој порачува дека историската комисија треба да се распушти затоа што со овие преговори македонската историја добива бугарски наратив.

И професорката Виолета Ачкоска го дели истиот став. Според неа Македонците се доведени во апсурдна ситуација да докажуваат дека во Втората светска војна се бореле против фашизмот, кога тоа е општо познат факт.

За да се надминат недоразбирањата, историјата треба да им се препушти на научниците и да не е дел од политичките договори, смета претстедателот на здружението на историчари, професорот Митко Панов.

Научници, истражувачи, историчари се дел од научен собир што го организира струмичкиот музеј, а темата е  Епаминонда Поп Андонов и народноослободителното и  антифашистичкото движење во Втората светска војна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *