Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по основ произведено и предадено млеко во преработувачки капацитети во периодот Јануари – Април 2022 година.
Исплатени се 143.7 милиони денари за над 5300 млекопроизводители.
Како што наведуваат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, од почетокот на годината до денес поддршката на сточарството изнесува околу 1.3 милијарди денари.