Исплатени субвенции за земјоделците. Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој исплати околу 412 милиони денари субвенции на 97308 субјекти. Станува збор за исплата на субвенции за одржување на овошни насади за мерката директни плаќања на мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години.