• Sat. Nov 23rd, 2024

Исплатените штети за приватно здравствено осигурување пораснаа 87,5 отсто

Во првите шест месеци годинава бројот на договори за купени полиси за приватно здравствено осигурување пораснал 48 отсто.

Вложувањата на осигурениците во ова осигурување достигнале 3,8 милиони евра. Осигурителните компании за првото полугодие за пријавени штети исплатиле 87,5 отсто повеќе средства во однос на истиот период 2020 година

Вредноста на исплатените штети покриени со приватно здравствено осигурување во првите шест месеци порасна 87,5 отсто и достигна 92,6 милиона денари (1,5 милион евра).

Истовремено, вложувањата на граѓани и компании во приватно здравствено осигурување се зголемени 38 отсто достигнувајќи 232,5 милиона денари (3,8 милиони евра), покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *