• Thu. Nov 21st, 2024

Исплатени финансиски средства од Интервентен фонд, соопшти Бачовски

Агенцијата за финансиска поддршка ја реализираше исплатата за две подмерки од интервентниот фонд.

-Станува збор за исплата на финансиска поддршка за произведена и продадена зелка кај регистрирани откупувачи за период од 13.04.2022 година до 07.05.2022 година.

По овој основ 1.630 корисници се финансиски поддржани за нивното производство со 41.7 милиони денари. Висината на финансиската поддршка изнесува 3 денари / килограм.

-Исто така, исплатена е и поддршката за произведена и продадена слива кај регистрирани откупувачи за период од 20 август 2022 до 30 септември 2022 година.

Со оваа исплата се опфатени 478 овоштари со поддршка од 13.3 милиони денари. Висината на финансиската поддршка за откупена слива во месец август изнесува 2 денари по килограм ,а за месец септември изнесува 4 денари по килограм, објави директорот на Платежната агенција Никица Бачовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *