Исчистен е отворениот канал во село Пиперево. Комуналното претпријатие Турија на општина Василево изминатите денови со сопствена механизација интервенираше на каналската мрежа со цел заштита на животната средина но и спречување на излевање на каналот за време на пообилни врнежи.
Од општината велат дека во периодот што следува се очекува да има пораст на нивото на каналот од природниот слив на атмосферските води, за што целосно е исчистен од обраснатата вегетација. Од општина Василево велат дека следниот период ќе се интервенира и на други каналски мрежи каде има потреба од чистење.