Младата струмичанка Ана Тодорова минатата седмица се закити со признанието „Инженерски прстен“ што го доделува претседателот на државата. Таа вели дека наградата е потврда за досегашното образование и труд, но и обврска уште понапорно да се докажува во следните образовни и професионални предизвици.