• Fri. Nov 22nd, 2024

Инспектори влегоа во Дојран стил

Инспектори влегоа во Дојран стил. Вчера инспектори од Државниот инспекторат за животна средина, биле во контрола на компанијата Дојран стил во Николиќ. Станува збор за фирма во непосредна близина на Дојранското Езеро. Присутна била и директорката на инспекторатот, Ана Петровска. Таа заедно со инспекторите барала документација и ги виделе условите во коишто работи компанијата за челични производи.

Од она што го увиделе, компанијата за инсталацијата за челични производи поседува сертификати за стандардите за управување со животна средина – ИСО 14001 и за енергетска ефикасност. – ИСО 50001.

Компанијата планирала оваа година наместо мазут да користи гас во  жаречката печка.

Во увидот, инспекторите влегоа во Дојран стил и за проверка на штетни емисии. Досегашните мерења на емисиите во воздухот не биле правени од лабораторија што поседува соодветна акредитација. Затоа наскоро ќе се прават вонредни мерења во присуство на инспектор. Акредитираниот стандард што се применува е гаранција дека мерењето се врши при полн капацитет на производство и дека мерењата ќе бидат меродавни. Евентуални надминувања на граничните вредности ќе значат примена на дополнителни мерки за намалување на емисиите. Ќе се проверува и одводот од платформата за преточување на мазут за да се спречат евентуални хаварии. Неопходно е и подобрување на складирањето на течен отпад.

Дојран доби седумдесет милиони денари за подобрување на состојбата со езерото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *