• Fri. Nov 22nd, 2024

Инспекторатот за животна средина вработува нови инспектори

Инспекторатот за животна средина вработува нови инспектори. Државниот инспекторат за животна средина го достави планот за вработување за 2021 година и очекува позитивен одговор, откако Владата донесе одлука Министерството за финансии со највисок приоритет да одобри вработувања на нови инспектори.

„Побарано е одобрување да се вработат девет инспектори за животна средина, двајца водостопански инспектори и еден инспектор за заштита на природата, односно би се вработиле вкупно 12 инспектори, со што би се покриле сите региони, вклучително и тие кои до сега немаа на располагање ниту еден инспектор“, соопштија од ДИЖЗС.

Планот за вработување треба да се одобри од Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *