• Thu. Nov 21st, 2024

Иницијатива за јавен превоз во Струмица, ВМРО ДПМНЕ со предлог до Советот, Костадинов објави дека се прават анализи

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ,,За обнова на Македонија”за следната седница на Советот на општина Струмица поднесе точка на дневен ред за донесување одлука за отпочнување на постапка за организација на јавен превоз во Општина Струмица, објави на ФБ координаторот Никола Маџунков

,,Нашата иницијатива ќе отвори можност Струмица да добие јавен линиски превоз. Струмица е голем град а оваа можност која постои во другите градови во државата и е скратена на струмичани. Јавниот превоз ќе ни овозможи поефтина мобилност на граѓаните во Струмица и населените места, а ќе го намали сообраќајниот метеж и аерозагадувањето. Одлуката предвидува и изготвување правилник за субвенционирање на постоечките превозници доколку се вклучат во јавниот линиски превоз,, стои во објавата на Маџунков

Дека на Струмица и е потребен јавен превоз во време анкриза е повеќе од пторебно, напиша на ФБ градоначалникот Костадин Костадинов. Како што тој објави неговата визија е да биде еколошки и во согласност со долгорочната стратегија на ЕУ, европскиот зелен договор.

,,Мојата визија за Струмица е да бидеме првиот град во државата со целосно електричен јавен превоз, кој ќе овозможи движење на граѓаните од населените места за значително помали цени, движење низ градот, намалување на сообраќајниот метеж, решавање трајно на проблемот со дивите таксисти. За таа цел веќе ги правиме потребните анализи, истражувања кои би помогнале во имплементацијата. Оваа моја идеја ќе ја презентирам пред граѓаните преку форумот на заедниците, пред советот од кој ќе ја барам поддршката да сите заедно се запишеме во историјата на нашиот град,, напиша Костадинов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *