• Sun. Nov 24th, 2024

Иницијативи од независните советници во Босилово, Ново Село и Струмица против загадувачка индустрија

Независните советници во Струмица, Ново Село и Босилово поведуваат иницијативи пред советниците во трите општини да се изгласаат одлуки со кои ќе бидат спречени сите идни можности за отворање загадувачка индустрија на ова подрачје, објави Мета

Иницијативата потекнува од неколкугодишната борба на жителите на трите општини против отворањето на рудникот Иловица-Штука, за кој сметаат дека целосно ќе ја уништи животната средина и можностите за опстанок на земјоделскиот крај. Ваква иницијатива веќе има поденсено Стојан Велков за шо Советот на Босилово.

Советниците кои се дел од иницијативата „Стига е“ сметаат дека ваквата Предлог- одлука која тие ќе ја поднесат до Општините, кога ќе биде изгласана од Советите, ќе биде јасен сигнал за сите инвеститори кои би имале намера да инвестираат во тешка индустрија, но и за сите локални и државни институции кои се надлежни за планирање на развојот на овој крај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *