Инфлација на храната во Македонија последниве три месеци надминала 20 проценти, споредено со истиот период лани.
Во август цените на храната во земјава биле поголеми за 25,1 процент споредено со август 2021 година, објави Светска банка, во својата последната анализа за инфлацијата на храната во светот, во која меѓу другото се наведува дека се зголемува несигурноста со храна во светски размери, во услови кога повеќето од земјите и сиромашните, но и богатите имаат двоцифрени бројки на инфлација.
Слично рангирани по зголемување на цената на храната се и државите од регионот. Изедначени во инфлацијата на храната со нашата земја се и Црна Гора и Босна и Херцеговина со 24,4 и 24,7 проценти во август, спореднео со минатата година, додека Србија и Косово минатиот месец, но и претходните месеци регистрираат инфлација кај цените на храната од 19 проценти.