• Fri. Nov 22nd, 2024

Инфлацијата порасна на 18.7 проценти

Продолжува трендот на раст на трошоците за живот. Во септември годинава во однос на истиот месец лани инфлацијата е зголемена за 18,7 отсто. На месечно ниво, од август до септември трошоците на граѓаните се зголемени за 1,6 отсто.

Извештајот кој го објави Државниот завод за статистика покажува дека за една година трошоците на граѓаните за набавка на храна и пијалоци се зголемени за без малку 30 отсто. Режиските трошоци се повисоки за речиси 20 отсто. Податоците покажуваат дека за истиот период граѓаните имаат зголемени трошоци и за транспорт од над 13 отсто.

За една година лебот и житариците се поскапи за 50 отсто, месото за над 26 отсто, рибата за 13 отсто, зејтинот е поскап за 45 отсто, овошјето и зеленчукот околу 15 отсто.

По серијата зголемувања на цените на млечните производи, владата реши да ја ограничи и маржата на урдата, крајвото бело сирење и мешаното бело сирење, кашкавалот, киселото млеко како и на павлаката и јогуртот.

За овие производи се ограничува највисока трговска маржа до десет проценти во трговијата на големо и трговијата на мало.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *