По кратко боледување, на 80 годишна возраст синоќа почина нашиот сограѓанин, кларинетистот Димитар Митев В’чев.
Погребот е денес на градските гробишта во Струмица.
В’чев кој самиот потекнува од музичко семејство ќе остане запаметен меѓу струмичани со неговите бравурозни изведби на кларинет. Дел од нив се овековечени на носачи на звук и видео со наслов „Македонски народни ора“.